Биткоинот во „црвено“, падна 7 проценти

од Vladimir Zorba

Биткоинот денеска падна под 30.000 долари на најниско ниво во последнава недела, откако на пазарот повторно се појави аверзија кон ризични инвестиции.

Најголемата глобална криптовалута по пазарна капитализација падна за дури 7,1 отсто на 29.209 долари, на нивото последен пат забележано на 30 мај, пишува Блумберг.

Пресвртот дојде само еден ден откако биткоинот повторно се искачи над 31.000 долари, што ги поттикна очекувањата кај некои инвеститори дека има простор за понатамошен раст, рече Маркус Сотири, аналитичар во британското брокерско друштво за дигитална сопственост GlobalBlock.

Слични содржини