Битола, Охрид и Прилеп, денеска под снежна покривка (ВИДЕО)

од Берта Китинска

Снежни врнежи утрово се забележани во Охрид, Битола и Прилеп.

Според временската прогноза повремени слаби врнежи од снег се очекуваат и во делови од Скопската котлина. Попладне врнежите ќе престануваат и ќе настапи постепено разведрување. Ќе дува засилен ветер од северен правец, особено вдолж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 5, а максималната 3 од 9 степени.

Во Скопје наутро променливо облачно со повремен дожд кој во повисоките делови од котлината ќе преминува во снег. Потоа облачноста ќе се намали. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 5 степени.

Поради продор на студена воздушна маса во текот на ноќва и утре претпладне ќе дува засилен северен ветер, а врнежите од дожд ќе преминат во снег и во некои од пониските места. Во западните делови ќе се формира нова снежна покривка. Поради разведрувањето во среда и четврток утринските температури насекаде ќе бидат негативни.

Слични содржини