Битола: Пронајдени и одземени 240 грама злато и накит без соодветен жиг

од Берта Китинска

Вчера, во периодот од 11.30 до 15 часот, полициски службеници од криминалистичката полиција на СВР Битола и Полициската станица од општа надлежност Битола во координација со Државниот пазарен инспекторат и Управата за јавни приходи, како и Секторот за економски криминал и корупција при МВР, спроведоа акциска контрола врз 14 правни субјекти што се занимаваат со продажба, откуп и изработка на златен накит на подрачјето на Битола.

При контролата од страна на УЈП констатирани се неправилности во однос на обврските што произлегуваат од Законот за готовински плаќања, а од страна на Државниот пазарен инспекторат пронајдени и одземени се 240 грама злато и златен накит без соодветен жиг од вкупно четири правни субјекти. По целосно расчистување и документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни пријави, соопштија надлежните.

Слични содржини