Бизарен пораз: Ги загубил изборите, а бил единствениот кандидат

од Nikola Popovski

Иако бил единствениот кандидат за италијански градоначалник на малата општина Лезина, гратче со 6.000 жители, членот на партијата „Лига“, Примиано Ди Мауро ги загубил изборите.

Имено, за да бидат валидни резултатите од локалните избори, требало да гласаат најмалку 50 проценти од гласачите, но во таа мала општина, 49 проценти од населението излегле на гласање.

Така, победата што се чинела сигурна, бидејќи немалконкуренција, се претворила во бизарен и веројатно единствен пораз, бидејќи немал противник.

Медиумите што известуваат за овој случај, што е за рубриките „верувале или не“, пишуваат дека победиле оние што ги бојкотирааат изборите, односно тие кои не го искористиле своето демократско право на глас.

Апстиненцијата ја фаворизирале две групи локални политичари, „Различна Лезина“, која е поблиску до десницата и друга група „Без кворум“, која според политичките убедувања е поблиску до Демократската партија.

Бидејќи не е избрана локалната самоуправа, градот Лезина ќе го водат т.н. „комесари“.

Слични содржини