Бизарна сцена во белградски трамвај: Ја болеле нозете, па седнала во скут на непозната жена (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

Бизарна сцена се случила вчера на линијата 13 кон Нов Белград, а снимката од непријатниот настан се шири на мрежите.

На неа гледаме русокоса девојка во високи потпетици како седи во скутот на една постара жена. Од комуникацијата разбираме дека ја болат нозете и не можела да издржи, па само седнала во скутот на непозната жена.

Откако таа се побунила, настанала расправија во која се приклучиле и други патници, кои не можеле да поверуваат на ситуацијата на која биле сведоци.

Девојката станала само кога друга жена го ослободила седиштето и продолжила да се вози без ниту малку да ѝ биде непријатно, оставајќи ги луѓето да се прашуваат што може да биде причината за таквата ароганција.

Слични содржини