Бизарна сцена во Русија: Маж заразен со коронавирус бегал од медицинарите! (ВИДЕО)

од Aleksandar Petrovski

Маж за кој постои сомнение дека е заразен со коронавирус, одлучил да се обиде да избега од медицински тим кој бил принуден да трча по него во рускиот град Арзамас за да го фати.

Бизарната сцена е снимена во средата, а видеото стана вирално во Русија. На краткиот клип се прикажани тројца медицински мажи облечени во бели заштитни костуми кои трчаат по маж кој се обидувал да избега за да избегне хоспитализација.

Градоначалникот подоцна изјави дека тоа е лице со ментално заболување за кое постои сомневање дека е заразено со коронавирус.

Намерата на медицинските лица била да направат тест за коронавирус, односно да го транспортираат во болница, каде што требало да се изврши постапката.

Сепак, тој не сакал, па побегнал, но на крајот бил фатен. Резултатите од тестот за коронавирус се очекуваат во недела, пренесува Russia Today.

Од почетокот на пандемијата, во Русија се заразени 8.672 лица, а починаа 63 лица.

https://www.youtube.com/watch?v=t-69fXg0dIU&feature=emb_title

Слични содржини