Бизарната одмазда на Амбер Херд

од Vladimir Zorba

Како што е познато, бракот на Џони Деп и Амбер Херд заврши неславно и бурно, а во моментов тие се среќаваат само на суд. Имено, Амбер Херд го обвини Џони Деп за насилство, а тој дека таа само сакала да извлече пари од него со лаги и измислици.

Како доказ за нејзините сведоштва, Амбер во неколку наврати се осврна на фотографираните повреди и пријави што ги направила против холивудската ѕвезда, а неколку снимки од „лудилото“ на Деп беа прикажани на суд. Нејзиниот тим на адвокати смета дека е во добра позиција, но Деп не се откажува.

Иако претходно објавија „валкани алишта“ од бракот во медиумите, парот започна да зборува и на суд. Деп ја обвини Амбер дека во една прилика направила бизарна работа. Тој тврди дека извршила голема нужда на нивниот брачен кревет по расправија.

Причината за нејзиното „олеснување“ е тоа што актерот наводно доцнел два часа за одбележување на нејзиниот роденден. Тие се расправале, Деп лут излегол надвор од станот, а Херд била толку бесна, што му „сервирала“ одмазда, што резултирала со „порција“ измет на креветот, кој бил пронајден следниот ден од страна на нивната домаќинка.

Иако актерот тврди дека има „цврсти докази што покажуваат како Амбер го извршила инцидентот“, Амбер сепак тврди дека тоа не било нејзино дело, и дека за сè е виновно нивното куче Бу, кој решил токму тогаш да го избере креветот на славната личност.

Потсетуваме, Херд и Џони се разведоа по една година брак и пет години врска. Таа поднесе барање за развод во мај 2016 година, а веднаш доби и привремена судска заштита од Деп. Актерката ги наведе „непомирливите разлики“ како причина за барањето за развод, а насилството, според нејзините зборови, кулминирало кога Џони, наводно, фрлил мобилен телефон во нејзиното лицето и искрши неколку работи во нејзиниот стан.

Слични содржини