Бизарно шоу на Медведев на Твитер: Украина ќе ја наречеме „Швајниш Бандера-Рајх“

од Nikola Popovski

Поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев повторно ја спореди Украина со нацистичка Германија откако предложи Украина да се преименува во „Швајниш Бандера-Рајх“ (Schweinisch Bandera-Reich). Овој потег доаѓа како одговор на украинската петиција со која се повикува тамошната влада да ја преименува Русија.

Зеленски одговори на петицијата во петокот, откако беа собрани 25.000 потписи потребни за одговор од украинската влада. Петицијата, која ја обвинува Русија за кражба на идентитетот на сите Руси во Источна Европа, ги повикува Украинците „да си го вратат идентитетот и историјата“.

Во објава на Твитер, Медведев го нарече украинскиот претседател „главниот нацист во Киев“, предупредувајќи дека Русија ќе одговори на потегот на Киев.

„(Зеленски) нареди да се разгледа преименување на Русија во Московија. Каков би бил нашиот одговор? Преименување на Украина, но не во Укроланд и дефинитивно не во Малоросија. Само „Швајниш Бандера-Рајх“, истакнал тој.

Медведев го искористи тоа име алудирајќи на Степан Бандера, воен украински и екстремно десничарски лидер чие милитантно крило на Организацијата на украинските националисти соработуваше со нацистичка Германија за време на Втората светска војна.

Слични содржини