Бизарно: Турски клуб жртвува овен за среќа пред тренинг

од Nikola Popovski

Во 2022 година сè уште се случуваат неверојатни бизарности ширум светот, а овој пат во центарот на вниманието е турскиот фудбалски клуб Кочаелиспор.

Првотимците на споменатиот тим се подготвуваат за продолжението на сезоната, а пред тренингот објавија слика на социјалните мрежи.

На сликата се играчите и членовите на стручниот штаб собрани околу овен кој лежи покрај теренот и бил жртвуван за среќа.

Бизарната слика ја предизвика реакцијата на познатиот спортски новинар Харис Ставру, кој ја сподели сликата на Твитер со коментар:

„Во 2022 година турскиот фудбалски тим Кочаелиспор сè уште жртвува овни за среќа. Не успеавме како луѓе…“

Кочаелиспор игра во втората турска лига и моментално е на 15. место веднаш над зоната за испаѓање.

 

Слични содржини