Бизарно: Вградил чип во рака за да отвора Tesla (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

Модерните автомобили може да се отворат со чување на клучот во џеб или дури и со користење на мобилен телефон.

Преку Vivokey, ако тоа не ви е доволно, сега можете да ги отклучите вратите и да го стартувате автомобилот дури и со чип вграден под кожата.

Ова го направил сопственик на Tesla кој инсталирал два чипови, едниот за складирање на чувствителни податоци и паричник за криптовалути, а другиот за отклучување на неговиот Model 3.

Брендон Далали (39), објасни:

„Првиот чип беше малку помал и не беше болно да го вметнам во раката. Наполнет е во голем шприц и преку него некако ми беше вбризган во телото. Вториот исто така е вметнат на ист начин“.

Слични содржини