Бјерегард: Прислушувањето новинари разгорува страв и автоцензура

од Vladimir Zorba
Европската федерација на новинари (ЕФЈ) изразува сериозна загриженост за обвинувањата дека во Македонија биле масовно следени и прислушувани илјадници граѓани, меѓу кои и над 100 новинари, како што обелодени вчера опозициската партија СДСМ.
efj

– Ова нарушување на приватноста директно влијае врз слободата на медиумите во Македонија, разгорувајќи клима на страв и автоцензура. Ако се потврдат обвинувањата, тогаш македонските власти очигледно го прекршиле правото на новинарите да ги заштитат своите извори – вели претседателот на ЕФЈ, Бличер Бјереград во напис кој вчера се најде на веб страната на Федерацијата.

Понатаму во текстот стои дека слободата на печатот во Македонија е сериозно влошена поради растечките закани и притисоци од страна на Владата на премиерот, Никола Груевски. Федерацијата потсетува дека од 34-тото место во 2009 година, Македонија падна на 117. место во 2015 година на индексот на Репортери без граници. ЕФЈ и понатаму со загриженост гледа на, како што вели, мошне контроверзниот случај со новинарот Томислав Кежаровски.

loading...

Слични содржини