Бјорген го надмина Бјорндален, еве кои се Топ 10 на вечната листа

од Vladimir Zorba

Норвешката натпреварувачка Марит Бјорген стана најуспешната спортистка во историјата на зимските Олимпијади по освојувањето на осмата титула и рекорден 15 медал во кариерата во Пјонгчанг.

37-годишната Бјорген го освои петтото одличје во трката по крос-кантри скијање во Пјонгчанг 2018, откако го зеде златото во масовен старт на 30 километри класичен стил, последен старт на Олимпијадата. Така таа веќе има вкупно 15 медали, 8 од кои златни, како и 4 сребрени и 3 бронзени.

Бјорген се израмни по освојувањето златни одличја со Оле Еинар Бјорндален (Норвешка, бијатлон) и со Бјорн Дели (Норвешка, крос-кантри), но ја предводи вечната листа со вкупно 15 медали од зимски Олимпијади.

Десетте најуспешни спортисти на Зимските олимписки игри:

1. Марија Бјорген (Норвешка, крос-кантри скијање) 2002-2018 – 15 (8, 4, 3)
2. Оле Еинар Бјорндален (Норвешка, бијатлон) – 1998-2014 – 13 медали (8 златни, 4 сребрени и 1 бронзен)
3. Бјорн Дели (Норвешка, крос-кантри скијање) – 1992-1998 – 12 (8, 4, 0)
4. Љубов Егорова (Русија, крос-кантри скијање) – 1992-1994 – 9 (6, 3, 0)
5. Виктор Ан (Русија, кратки патеки) -Ан Хун-Со (Република Кореја) – 2006-2014 – 8 (6, 0, 2)
6. Лидија Скобликова (Русија, брзо уметничко лизгање) – 1960-1964 – 6 (6, 0, 0)
7. Ирен Вуст (Холандија, брзо уметничко лизгање) – 2006-2018 – 11 (5, 5, 1)
8. Клаудија Пекштајн (Германија, брзо уметничко лизгање) – 1992-2018 – 9 (5, 2, 2)
9. Мартен Фуркад (Франција, бијатлон) – 2010 – 2018 – 7 (5, 2, 0)
10. Лариса Лазутина (Русија, крос-кантри скијање) – 1992-2002 – 7 (5, 1, 1)
Клас Тунберг (Финска, брзо уметничко лизгање) – 1924-1928 – 7 (5, 1, 1)

loading...

Слични содржини