Благодарение на скалите на Шилегов „што ги нема никаде“, спасени човечки животи

од Vladimir Zorba

Благодарение на брзата интервенција на скопските пожарникари екипирани со новата 45 метарска повеќенаменска противпожарна скала, пожарот што вечерва избувна во ресторанот Рагуза на покривот во катната гаража „26 Јули” беше изгасен во најбрз можен рок.
 
Сепак, опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ повторно тргна во обвинување на градските власти, па така, оттаму соопштија дека додека скопјани се гушат поради пожарите и запалените диви депонии Шилегов не е во градот и никаде ги нема скалите од две милиони евра. Но, фотографиите од вчерашната акција на скопската протовпожарна бригада го докажува спротивното.
 
И претходно кога беше набавена, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, го обвини Шилегов дека ја набавил за 1,7 милиони евра од компанија од Будимпешта, на што скопскиот градоначалник му одговори дека скалата е купена поради безбедноста на граѓаните. Тој тогаш додаде дека висококатниците се под голем ризик од пожари затоа што главниот град нема ваква скала.
 
-Употребата на специјалната противпожарната скала беше клучно за брзо локализирање и ефикасно гаснење на пожарот на висока локација, а со тоа е спречено и негово проширување низ долните катови од катната гаража и предизвикување огромна материјална штета. Човечкиот живот нема цена и затоа безбедноста на нашите сограѓани ја ставивме на прво место, а перформансите на новата повеќенаменска противпожарна скала значат многу спасени животи и на нашите сограѓани, но и на хероите на градот, припадниците на скопската противпожарна бригада“, напиша на Фејсбук градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов.

Слични содржини