Благодарност за бугарските книги во Пустец, ќе бидат добар материјал за потпала, велат од македонското друштво „Илинден-Тирана“

од Nikola Popovski

Македонското друштво „Илинден-Тирана“ со остра осуда за донацијата на бугарската Амбасада во Општина Пустец.

-Ваквата вековна состојба никако не им одговара на сонувачите на санстефанскиот сон за Голема Бугарија. Затоа тие почнаа интензивен атак врз Македонците во Албанија за тие да се одродуваат и да се пишуваат Бугари. Во тоа донекаде им успева бидејќи со текот на годините гледаме дека има лица кои со плукаат на мајчиното млеко и се задојуваат со бугарски отрови. Тие се и оние изроди од македонските предци кои најмногу помагаат во „наоѓањето на нови Бугари“ во Албанја, стои во соопштението.

Се додава дека „тие исти изроди, кои за жал, со лаги, прикривање и измама на македонското население, успеаја да ја добијат нивната доверба и да влезат во раководните структури на единствената македонска општина во Албанија, Општина Пустец“.

-Токму таму и токму во селата кои погоре ги спомнавме, деновиве била во „добродетелска посета“ од страна на бугарска делегација. Така „за доброто на Бугарчињата“ делегацијата во придружба на изродите и плукачите по сопствената македонска крв, подарила неколку столчиња и бугарски книги. Секако, сето тоа придружено со помпезни изјави за јавноста и објави на официјалните интернет страна на бугарското Министерство за надворешни работи, стои во осудата.

Македонското друштво „Илинден-Тирана“ се заблагодарува на сите досегашни и идни дарители за подарените бугарски книги, кои во овие зимски месеци, како што велат, ќе бидат добредојден материјал за потпалување на домашните печки во македонските куќи.

-Исто така, ја користиме приликава да ги потсетиме македонските владини и невладини претставници кои ги „посетуваат“ Македонците во Албанија да не парадираат пред нив туку да преземат конкретни чекори за искоренување на бугарскиот крлеж од македонското ткиво во Република Албанија, стои во соопштението на македонското друштво.

Слични содржини