Блинкен: Американскиот народ се придружува на БиХ во сеќавањето на жртвите

од Vladimir Zorba

Државниот секретар на САД, Ентони Блинкен, зборуваше по повод денешното одбележување на 26-годишнината од геноцидот во Сребреница.

„Американскиот народ се придружува на народот на Босна и Херцеговина во оддавањето почит на повеќе од 8.000 убиени жртви.

Ние стоиме покрај семејствата на оние кои ги загубија своите најблиски и покрај оние кои неуморно бараат правда во нивно име.

Трагичните настани од минатото нè потсетуваат на потребата да работиме во единство за подобра иднина, заедничка за сите граѓани на стабилна и просперитетна БиХ.

Соединетите држави длабоко го ценат своето долгогодишно пријателство со БиХ и остануваат непоколеблив партнер посветен на нашата заедничка цел демократска и инклузивна БиХ на патот кон целосна евроатланска интеграција.

Додека гледаме на оваа годишнина, ја потврдуваме нашата посветеност да работиме на спречување на идните злосторства“.

Слични содржини