Блинкен: Израелското ракетирање на Газа мора веднаш да престане

од Nikola Popovski

Државниот секретар на САД, Ентони Блинкен, синоќа изјави дека ракетните напади од Израел врз појасот Газа треба да бидат „веднаш прекинати“ и ги повика сите страни да ги преземат неопходните чекори со цел да се намалат тензиите.

„Ние сме многу фокусирани на ситуацијата во Израел, Западниот брег и појасот Газа и сме длабоко загрижени за ракетните напади врз појасот Газа, кои мора веднаш да бидат запрени“, рекол Бликен пред средбата со јорданскиот министер за надворешни работи Аиман Сафади, кој ги повика САД да играат водечка улога и да придонесат за намалување на насилството, пренесува Ројтерс.

Блинкен, исто така, изрази загриженост за насилството и „провокативни активности“ во и околу Харам ал-Шариф, рид во старото јадро на Ерусалим, што Евреите го нарекуваат „Брдото на храмот“.

Во Израел се зголемуваат тензиите во последните денови, а само вечерва, најмалку 20 лица загинале во израелски ракетни напади врз појасот Газа, вклучително и девет деца, соопшти палестинското Министерство за здравство, додека агенциите објавија дека повеќе од 60 лица се повредени во нападите.

Израелската армија претходно потврди дека извршила ракетни напади врз појасот Газа, наведувајќи дека тројца припадници на Хамас, кои претходно го ракетираа Ерусалим по истекот на ултиматумот испратен до израелската влада да ги повлече безбедносните сили од џамијата Ал Акса, биле убиени во ракетни напади.

Слични содржини