Блинкен: Кина ја влоши пандемијата криејќи податоци

од Vladimir Zorba

Неуспехот на Кина да обезбеди пристап на глобалните здравствени експерти ја направи пандемијата на коронавирусот полоша отколку што требаше да биде, изјави денеска американскиот државен секретар Ентони Блинкен.

Кина не даде пристап на меѓународни експерти или размени информации во реално време за да обезбеди вистинска транспарентност, изјави Блинкен за „NBC“.

„Како резултат, вирусот излезе од контрола побрзо и, мислам, со многу посилни резултати отколку што инаку би можел“, рече Блинкен.

Тој додаде дека ваквите настани укажуваат на потреба за посилен глобален систем на здравствена заштита за да се осигура дека тоа нема да се повтори, објави Ројтерс.

„Реформите мора да вклучуваат заложба за транспарентност, размена на информации и експертски пристап и Кина мора да игра улога во тоа“, додаде тој.

Блинкен рече дека е важно да се излезе со појасно објаснување за почетокот на пандемијата.

„Мораме да го сториме тоа прецизно за да разбереме целосно што се случило, за да имаме најдобар можен начин да спречиме да се повтори“, рече тој.

Острите зборови на највисокиот американски дипломат следеа по критиките на други членови на администрацијата на претседателот на САД, Џо Бајден, поради недостаток на транспарентност на Пекинг во клучните рани денови на пандемијата, додава Ројтерс.

Слични содржини