Блинкен: Кина се однесува се поагресивно во странство

од Nikola Popovski

Државниот секретар на САД, Ентони Блинкен, во интервју емитувано во неделата изјави дека Кина од неодамна се однесува „поагресивно во странство“ и се однесува „се повеќе на контрадикторн начин“.

На прашањето на водителката на емисијата „60 минути“ на Си-Би-Ес Њуз дали Вашингтон оди кон воена конфронтација со Пекинг, Блинкен рече дека е длабоко против интересите на Кина и на САД да ја достигнат таа точка или дури и да се придвижат во таа насока.

„Според она на што бевме сведоци во последните неколку години“, додаде тој, „Кина дејствува се повеќе репресивно дома и се повеќе агресивно во странство. Тоа е факт“, рекол тој.

Запрашан за кражбата на стотици милијарди милијарди долари или повеќе преку кражба на американски трговски тајни и интелектуална сопственост од страна на Кина, Блинкен рече дека администрацијата на Џо Бајден е навистина загрижена за прашањето на интелектуалната сопственост.

Тој изјавил дека звучело како постапки на некој што се обидува да се натпреварува неправедно и се повеќе и повеќе на контрадикторен начин.

„Но, ние сме многу поефикасни и посилни кога ќе собереме истомисленици и слично оштетени земји, со цел да му кажеме на Пекинг дека тоа не може и нема да остане така“, вели тој.

Кинеската амбасада во Вашингтон не одговори веднаш на барањето за коментар на интервјуто на Блинкен во неделата.

Во петокот, администрацијата на претседателот eо Бајден рече дека Кина не ги исполни своите обврски за заштита на американската интелектуална сопственост во „фаза 1“ од американско-кинескиот трговски договор потпишан минатата година.

Слични содржини