Блинкен: Не е во интерес на Америка да остане во Авганистан

од Vladimir Zorba

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен изјави дека САД немаат интерес да останат во Авганистан по влегувањето на Талибанците во Кабул.

Блинкен рече дека Вашингтон инвестирал милијарди долари во авганистанските сили, давајќи им предност пред Талибанците, но дека тие не успеале да ги потиснат.

„Факт е дека тие сили не можеа да ја одбранат својата земја. И тоа се случи побрзо отколку што се очекуваше“, рече Блинкен.

Откако авганистанскиот претседател Ашраф Гани ја напушти земјата денеска заедно со неговите најблиски соработници, Талибанците официјално останаа единствената воена и политичка сила во Кабул, со што владата доби целосна контрола врз главниот град на државата.

Слични содржини