Блинкен: САД не сакаат конфликт, Путин мора да ја деескалира кризата

од Nikola Popovski

На состанокот со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во петок во Женева, американскиот државен секретар Ентони Блинкен ќе побара од Москва да преземе итни чекори за деескалација на ситуацијата на границата со Украина, изјави во вторник неименуван претставник на Стејт департментот.

Официјалниот претставник им рече на новинарите дека Русија досега го направила спротивното од деескалација, и покрај дипломатијата, и дека може да ја нападне Украина во секое време, можеби меѓу јануари и февруари, пренесува Ројтерс.

„САД не сакаат конфликт. Сакаме мир. Рускиот претседател Путин има моќ да преземе чекори за деескалација на кризата за да можат САД и Русија да градат односи што не се засноваат на непријателство и криза“, изјави неименуван американски функционер.

Портпаролката на Белата куќа Џен Псаки во вторникот предупреди дека кризата околу Украина е исклучително опасна, пренесува Гласот на Америка.

Блинкен претходно разговарал со Лавров по телефон и се залагал за дипломатски пат кон деескалација на тензиите поради распоредувањето на голем број руски сили на границата со Украина, објави Стејт департментот.

Слични содржини