Блинкен: САД нема да мируваат се додека сите заложници не бидат вратени во Израел

од Nikola Popovski
611 прегледи

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен го поздравил спасувањето на четворицата израелски заложници кои ги држеше Хамас во Појасот Газа, објави Стејт департментот.

Во соопштението се нагласува дека САД „нема да мируваат“ додека сите заложници не бидат вратени во Израел.

„Предлогот претставен од претседателот (Џозеф) Бајден пред осум дена ќе донесе олеснување и за луѓето од Газа и за преостанатите заложници и нивните семејства преку итен прекин на огнот што може да доведе до ослободување на сите заложници, зголемена хуманитарна помош, реконструкција и траен крај на војната“, се наведува во соопштението на Стејт департментот.

Блинкен истакнал и дека само Хамас го спречува постигнувањето договор и ја повика палестинската група да го прифати предлогот.

Израелската армија вчера изврши операција во бегалскиот камп Нусејрат во централниот дел на Појасот Газа во која биле спасени Ноа Аргамани, Алмонг Меир Јан, Андреј Козлов и Шломи Жив, киднапирани на 7 октомври од музичкиот фестивал „Супернова“.

Истовремено, во израелското бомбардирање на тој камп загинале 210 Палестинци, а околу 400 луѓе биле повредени, соопштија палестинските власти во енклавата.

Слични содржини