Блинкен во посета на Катар, посредникот во разговорите со Талибанците

од Nikola Popovski

Министерот за надворешни работи на САД, Ентони Блинкен вечерва пристигна во Катар, земја која стана главен соговорник на талибанците, кои ја преземаа власта во Авганистан кон средината на август.

Блинкен и американскиот секретар за одбрана Лојд Остин утре треба да разговараат со катарските власти за ситуацијата во Авганистан и евентуалната хуманитарна криза која ќе бара мобилизација на меѓународната заедница.

По Катар, Блинкен ќе ја посети воената база Рамштајн во Германија, каде што се наоѓаат неколку илјади евакуирани лица од Авганистан.

Блинкен ќе биде копретседавач на виртуелната средба за Авганистан заедно со неговиот германски колега Хајко Мас.

По Катар, Остин ќе ги посети Бахреин, Кувајт и Саудиска Арабија.

Катар стана клучен играч за авганистанското прашање, во улога на неутрален и влијателен посредник.

Земјата започна преговори со Талибанците во 2013 година, на барање на тогашниот американски претседател Барак Обама.

Катар потоа ги поздрави преговорите завршени во 2020 година меѓу САД под Доналд Трамп и Талибанците.

Катар прими повеќе од 55.000 авганистански бегалци, од кои многумина се сместени во американската база во земјата.

Слични содржини