„Блиц“: Под чија контрола се косовските лидери

од desk4

  Иако се има впечаток дека косовските лидери се „миленици на Западот“ и во добри односи со  сите западни земји, сепак реалноста е поинаква и секој од тројцата водечки политичари во Косово има „свој грб“ и се бори за превласт во Приштина, тврди во денешното издание белградскиот весник „Блиц“.

Изданието тврди дека Берлин „го избегнува“ косовскиот претседател Хашим Тачи, бидејќи, наводно, не можел да му го прости „предавството“ на агенти на германската разузнавачка служба БНД од пред неколку години.

Според „Блиц“, Германија не го смета Тачи за доверлив партнер и „не игра на него“. Дополнително, Берлин жестоко се против на идејата за корекции на границите, што ја застапува Тачи.

Весникот тврди дека Тачи всушност е „на линија“ со советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џон Болтон, што практично значи дека косвскиот претседател го контролира Администрацијата на Доналд Трамп.

Еден дел од американсата Администрација е против корекција на границите како модел за решавање на проблемите на Балканот, но токму Блотон е тој што „ја туркаа таа приказна“, тврди „Блиц“.

Од друга страна, според весникот, косовскиот премиер Рамуш Харадинај „го држат“ Британците, при што врската со нив тој ја остварува преку неговиот заменик во Алијансата за иднината на Косово (ААК), Ардијан Ѓинај.

Британците, како и Германците, се против корекции на границите, став што цврсто го застапува и самиот Харадинај.

За разлика од Тачи и Харадинај, претседателот на косовското Собрание, Кадри Весели, според „Блиц“, „игра за повеќе страни“. Тој како човек од сенка, е повешт и пофлексибилен од Тачи и Харадинај заедно, наведува весникот, додавајќи дека Весели „истовремено работи за најмалку две или три разузнавачки агенции“.

Весели важи за стар разузнавач, кој според сознанијата на „Блиц“, нема дури ни личен мобилен телефон, туку кога треба да разговара со некого, телефон му позајмува некој од неговото опкружување.

– Стариот „разузнувач“, кој, според проценките на познавачите на косовската сцена, е бескурпулозен, на крајот ќе им дојде до главите на Тачи и Харадинај, доколку тие претходно не го испратат во Хаг, наведува „Блиц“, алудирајќи на хашкиот Суд за воени злосторства извршени од страна на поранешната ОВК.

Слични содржини