Блитва со пилешко месо и павлака

од desk2

Совршена идеја за лесен ручек…

СОСТОЈКИ:
1 пар пилешко бело месо
1 веза блитва
мала главица кромид
3-4 чешниња лук
100 гр кисела павлака
1 јајце
малку кашкавал
сол
масло
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
На масло пропржете кромид и лук, па додајте бело месо исечкано на коцки. И него малку пропржете го. Блитвата попарете ја со солена врела вода, па процедете и малку исечкајте. Ставете во пропрженото бело месо. Додајте сол.
Разматете јајце, па додајте павлака и измешајте, а потоа додајте во месото. Изрендајте малку кашкавал и ставете во намастен плех. Печете на 200 степени околу 30 минути. Уживајте во совршениот вкус.

Слични содржини