Блокадата започна, сирените означуваат огромно незадоволство: Протест на вработените од „Колска”

од Берта Китинска

Вработените во фабриката за шински возила „Велес” поточно „Колска” денеска сo блокада и сирени го означија огромно незадоволство. Тие протестираат на железничката станица Велес изразувајќи незадоволство од нерешавањето на нивните проблеми.

Протестот ќе се реализира со блокада на железничкиот сообраќај.

– Другите облици на изразување на работничкото незадоволство поврзани со барањата од генералниот штрајк, барањата на работниците и штрајкувачите во наредниот период ќе бидат се поизразени, стои во објавата на Сојузот на синдикати на „Фејсбук”.

Слични содржини