Актуелно
Почетна / Актуелно / Блокиран сообраќајот на дел од бул.„Кирил и Методиј“ во Скопје поради протест на пазарџиите

Блокиран сообраќајот на дел од бул.„Кирил и Методиј“ во Скопје поради протест на пазарџиите

Сообраќајот  на дел од бул „Кирил и Методиј“ во центарот на Скопје е блокиран од изутрина, на потегот  кај  дирекцијата на Макптерол, поради протест на пазарџиите од Зелен пазар кои бараат намалување на цените за паркинг на Општина Центар.

Полицијата ги пренасочува возилата од пред крстосницата кај катната гаража „26 Јули“.

 

Јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи на Општина Центар” минатата недела донесе одлука со која од  8 овој месец цените за паркинг за еден час на комерцијалните паркиралишта со кои стопанисува се зголемија за 20 денари.

Целта, како што појаснија, е да се намали бројот на паркирани возила во централното градско подрачје и да им овозможи на жителите похумани услови за живеење.

loading...