Блокирани бензински пумпи во Британија, Англичаните во паника точат гориво (ВИДЕО)

од Берта Китинска

Во  цела Велика Британија владее паника поради недостаток на гориво,поради тоа  има огромни редици на бензинските пумпи.Полицијата мораше да интервенира и да воведе ред бидејќи возачите правеа неверојатна гужва.

Владата ги повика возачите „да продолжат со вообичаеното пазарење“ и да ја прекинат хаотичната гужва.

Поради оваа ситуација стотици бензински пумпи сега планираат да воведат ограничување од 30 фунти за полнење гориво по возач, за да се осигура дека секој има „фер шанса да наполни гориво“.

Стотици возачи вчера ги блокираа патиштата во страв поради недостаток на гориво.

Борис Џонсон сега се согласи привремено да ги олесни правилата за имиграција, така што странските возачи на камиони ќе можат да работат во Британија за да помогнат во оваа криза.

Се проценува дека Велика Британија треба да увезе околу 100.000 возачи за да ја нормализира ситуацијата, откако 25.000 се вратија во Европа пред Брегзит, а пандемијата го запре процесот на пристигнување на нови возачи.

Слични содржини