Блумберг: Експлозијата во Северна Кореја урнала дел од планина

од desk2

Последниот нуклеарен тест на Северна Кореја веројатно бил двојно посилен од тоа што се мислеше в првиот момент.


Како што пишува Блумберг, се проценува дека тестот бил 17 пати појак од бомбата фрлена на Хирошима.

Новите сателитски снимки покажуваат дека тестот на хидрогенската бомба е доволно силен да урне речиси 350.000 квадратни метри површина на врвот на планината под која е фрлена бомбата.

Снимките од планината Мантап, пред и по пробата извршена на 3 септември, покажуваат дека нејзиниот врв се урнал. Планината која беше висока 2.205 метри, сега има значително намалена висина.

Според првичните процени, најновиот нуклеарен тест имал јачина од 100 килотони, но новите податоци покажуваат дека се работи за дури 250 килотони, односно 17 пати посилна бомба од онаа фрлена на Хирошима.

Слични содржини