Блумберг: Турција е блиску до одлука да го одобри членството на Финска во НАТО

од Stefanija Kuzmanovska

Турција е блиску до одлука да го одобри приемот на Финска во НАТО најдоцна до крајот на месецот, додека статусот на шведската апликација за членство во Алијансата останува неизвесен, пренесува „Блумберг“ повикувајќи се на неименувани извори.

Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган е блиску до одлуката за одобрување на членството на Финска во НАТО, бидејќи, според американската медиумска компанија, е блиску до заклучокот дека напорите на Хелсинки за решавање на безбедносните проблеми биле задоволителни и дека соопштението за согласноста на Анкара за пристапување на Финска во НАТО треба да се очекува во средината на март.

„Се осврнавме на прашањата за кои Анкара смета дека се вознемирувачки. Очекуваме Турција и Унгарија да го ратификуваат нашето членство во НАТО што е можно поскоро“, изјави претходно финската премиерка Сана Марин.

Слични содржини