БМЈ Медиа Груп и 1ТВ и донираат 10.000 евра на Тамара за почеток на интернационална кариера

од desk4

Менаџментот на БМЈ Медиа Гроуп и 1ТВ и Бојан Јовановски донесоа одлука за донација од 10. 000 евра која ќе и биде доделена на нашата евровизиска претставничка Тамара Тодевска и истата стапува со сила веднаш.

Паричните средства за Тамара Тодевска ќе бидат наменети за градење на интернационална кариера. Со таков успех сите ние ќе бидеме горди и нашата земја ќе има достоинствен музички амбасадор насекаде низ светот.

Вистинските и квалитетни уметници заслужуваат поддршка, па затоа со оваа Одлука за донација ги повикуваме сите други општествено одговорни компании да ги подржат уметниците и да помогнат за развој и прогрес на нивните дела со кој ќе се гордееме заедно./Либертас

Слични содржини