BMW претстави автомобил кој ја менува бојата со притискање на копче (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

BMW направи сензација на саемот за потрошувачка електроника CES во Лас Вегас прикажувајќи автомобил кој ја менува бојата на каросеријата за само неколку секунди.

Новата технологија го олеснува менувањето на бојата на надворешноста на автомобилот, буквално со притискање на копче. Во конкретниот случај станува збор за темно сив автомобил кој за неколку моменти побелува. Прелевањето на бојата се случува пред очите на гледачите и функционира многу ефикасно, па многумина се прашуваат дали оваа технологија ќе заживее на сериските автомобили.

На моделот iX Flow е прикажана технологијата E Ink, а идејата е бојата на автомобилот да се менува во зависност од расположението и желбите на сопственикот. Оваа технологија дефинитивно отвора голем број на можности за персонализација, а BMW очекува дека ќе може да има комерцијална примена, и тоа не само во однос на надворешноста на возилата.

„Дигиталното искуство нема да биде ограничено само на екраните на кабината во иднина. Ќе има се повеќе спојување на реалното и виртуелното. Со BMW iX Flow ја оживуваме каросеријата на автомобилот“, рече Френк Вебер, член на управниот одбор на BMW.

Промените на бојата се овозможени со електрофоретска технологија каде одредени пигменти се потенцираат со стимулација со електрични сигнали, што на крајот резултира со промена на бојата на површината на возилото. Тоа е специјална обвивка ePaper која се нанесува на површината на автомобилот.

Слични содржини