Бојаровски: Специјалните операции против Македонија се „готват“ надвор со извршители од внатре

од Stefanija Kuzmanovska

Иако претседателот на државата Стево Пендаровски во изјавата за медиумите после седницата на Советот за безбедност одржана на 23 јануари рече дека таа била посветена на „безбедносната состојба во Република Северна Македонија и евро-атлантскиот регион“, и според редоследот како што ги наведе – претседавањето на нашата држава со ОБСЕ во чиј фокус е најголемата безбедносна закана после Втората светска војна заради воената агресија на Русија и ситуацијата на Косово, беше сосема јасно дека овој пат највисокото државно тело за безбедносни прашања, за централна тема го имаше „најновиот развој на настаните во односите со Бугарија“, наведува во својата колумна за ЦИВИЛ Зоран Бојаровски.

„Еден краток и фактографски преглед на настаните од 14 јануари јасно ја предочува логичната потреба да се организира седницата на Советот за безбедност:

На 14 јануари европратеникот Александар Џамбаски по повод парастосот за Мара Бунева ги испрати најекстремните и најотровни пораки од позиција на голомобугарски национализам од главниот град на Северна Македонија.

На 15 јануари македонското Министерство за надворешни работи побара од Софија да се огради од изјавите на Џамбаски ‘заради недоличните изјави кои ги повредуваат чувствата на граѓаните на Македонија, и воедно серизно им наштетуваат на напорите за унапредување на добрососедските односи меѓу двете земји’,

На 17 јануари бугарското МНР сe огради од изјавите на Џамбаски во Скопје и соопшти дека тие се ‘апсолутно неприфатливи и контрапродуктивни и тие не го претставуваат официјалниот став на бугарската држава и не можат да се толкуваат како такви’“.

Целата колумна можете да ја прочитате на следниот линк!

Слични содржини