Боатенг казнет за напуштање на карантинот поради неговиот болен син

од Vladimir Zorba

Баерн Минхен го казни својот играч Џером Боатенг за кршење на правилата за карантин и го напушти градот без одобрување на клубот.

Боатенг го напуштил Минхен за да го посети неговиот болен син, а на враќање доживеал сообраќајна несреќа.

„Боатенг ги прекрши правилата на клубот. Отиде предалеку од неговиот дом. Веруваме дека треба да бидеме пример за другите и затоа играчот ќе биде казнет со парична казна. Клубот ќе ги донира парите во болниците во Минхен“, се вели во соопштението на Баварците.

Искусниот фудбалер имаше оправдување за својата постапка.

„Јас би прифатил секоја казна на овој свет ако тоа е оправдано. Знам дека згреѓив што не го известив клубот дека сум на пат. Но, во тој момент размислував само за мојот син. Кога ќе ме повика, секако дека ќе заминам. Секој татко така би постапил“, оцени Боатенг.

Натпреварите во Бундеслигата во моментов се суспендирани поради пандемијата од коронавирусот.

Слични содржини