Бочварски ќе информира нов јавен повик за финансиска поддршка на нови авиолинии

од Radmila Tasevska

Денес министерот за транспорт и врски Благој Бочварски ќе информира за новиот јавен повик за финансиска поддршка на нови авиолинии.

Со Предлог буџетот за следната година се предвидени 1,1  милион евра за финаниска подршка за нови авиолинии, согласно со новиот јавен повик.

Владата на 8 ноември годинава донесе нова Уредба за начинот и критериумите за доделување финансиска поддршка на домашни и странски авиопревозници во наредните две години, како и Програма за определување средства за доделување финансиска поддршка за поттикнување и развој на воздушниот сообраќај на домашни и странски превозници.

Со новата уредба е дефиниран нов модел за распределба на финансиска поддршка за авиолинии и  според најавите ќе може да се вклучат повеќе оператори. Предност ќе имаат авиокомпаниите што ќе понудат поголеми воздухоплови, директни линии до поголеми аеродроми и повеќе летови неделно.

Последниот од трите договори за субвенционирани летови што на тендер ги доби унгарскиот нискобуџетен авиопребвозник „Виз ер“ заврши на 1 март годинава.  Во 2019 година за субвенционирани летови се исплатени 66.584.935 денари, во 2020 година 21.098.924 денари, во 2021 година 10.475.649 денари, а годинава не се исплатени средства.

Слични содржини