Бочварски: Бројката од 50.000 дивоградби не е паушална, во поголемите општини има од 2 до 4 илјади вакви објекти

од Nikola Popovski

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски потенцира дека дивоградбите се реалност и постојат, но дека како Влада бараат начини, како да ги стават во правна рамка за граѓаните што примаат социјална помош од државата.

„Ваквата легализација за таквата категорија граѓани е бесплатна, затоа што имаат проблем во егзистенцијата и треба да бараме решение како да им помогнеме да имаат покрив над главата. Овие граѓани нема да плаќаат за комунален надоместок, за да го стават својот објект во правна рамка“, вели Бочварски за емисијата „Топ тема“.

Според него, бројката од 50.000 дивоградби која беше објавена во јавноста не е паушална, туку 70 проценти се добиени од општините кои им дале некакви релевантни податоци.

„Во општините со средна големина или поголемите, има од 2 до 4 илјади вакви објекти“, информира Бочварски.

Слични содржини