Бочварски: Интензивно ја градиме третата лента на автопатската делница Катланово-Петровец

од Andreja Salpe

Третата лента на автопатската делница ПетровецКатланово се гради со силен интензитет. Покрај изградбата, се врши и комплетна рехабилитација на оваа делница како дел од Коридор 10, истакна министерот Благој Бочварски при денешниот увид во градежните работи.

Министерот Бочварски заедно со директорот на ЈП за државни патишта ејуп Рустеми, денеска извршија увид во рехабилитација на автопатската делница  ПетровецКатланово, инвестиција од 7,2 милиони евра.

Со проектот се предвидува проширување со трета лента по трасата како и целосна рехабилитација.

Ова е делница од Коридорот 10, дел од Европските коридори, за нас многу значајна транзитна патна врска и ова е начинот како да воспоставиме квалитетен, модерен и безбеден автопат ако сакаме да ја одржиме стратешката позиција на земјава во делот на транзит на овој Коридор

Претходно се реконструираше дел од десниот коловоз, поставен е прв слој на асфалт. Во моментот се работи на левиот коловоз, а како што може да се види се работи и на изградба на уште една нова коловозна лента”, изјави Благој Бочварски, министер за транспорт и врски.

Слични содржини