Бочварски: Калкулираме со стари бројки од 2002 година, пописот да се одржи час поскоро

од Nikola Popovski

„Пописот е важно прашање, кое треба да биде рутинско во секоја држава. За жал, ние дваесетина години немаме попис, калкулираме со стари бројки и податоци во однос на секое прашање од општественото живеење“, вели министерот за транспорт Благој Бочварски за емисијата „Утрински брифинг“.

Тој истакнува дека потребата од попис не е политичка операција и дека треба да застанеме сите за него.

„Пописот е битен за урбанизмот, урбанистичките куќи, професорската фела. Важно е и за образованието, труд и социјална политика, за градинките, инфраструктурата, патиштата. Сите постапки кои се водат при урбанизација се исклучително значајни и за нив влезен параметар е бројката на жители, население и движење на демографијата“, наведе Бочварски, кој додаде дека калкулираме со бројки од 200 година колку жители има еден град.

Слични содржини