Бочварски на средба со Гир и Матуела: С.Македонија останува посветена во реализација на Националната инфраструктурна стратегија

од Vladimir Zorba

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски оствари работна средба со амбасадорот на Европската Унија во Република Северна Македонија, Дејвид Гир и Михела Матуела, директорка за Западен Балкан во Генералниот директорат за соседство и преговори за проширување на Европската комисија.

На средбата се разговараше за динамиката на реализација на инфраструктурните проекти, финансирани со поддршка на Европската Унија. Притоа, акцент се стави на проектите во патната и железничката инфраструктура, како важен сегмент во евроинтегративните процеси на земјата.

Министерот Бочварски ја потенцираше огромната важност на поддршката што Европската Унија ја овозможува на Република Северна Македонија за финансирање на капиталните проекти и нагласи дека евроинтеграцијата како стратешка политика на државата е врвен приоритет.

Република Северна Македонија останува посветена во реализација на Националната инфраструктурна стратегија преку реализација на крупни инфраструктурни проекти со кои се подобрува и развива целокупната инфраструктурна мрежа во државата.

Слични содржини