Бочварски: Нема да се дозволи легализација на објекти во заштитените зони и подрачја

од Nikola Popovski

„Новиот закон за бесправни изградени објекти е закон кој што ние ги направивме сите консулатации, после првичната верзија и направените дополнителни ослободувања и олеснувања во однос на сите овие постапки“, изјави министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски во емисијата „Жешко политичко лето“.

Според него, како министерство ги послушале сите институции, невладини организации, асоцијации и креирале законско решение.

„Нема да се дозволи легализацијата на објекти во заштитените зони и подрачја. Прогресивното плаќање исто е новина. Секој оној што ќе стави правна рамка поголем објект ќе биде прогресивно оданочен или платен преку општината со комунален надоместок“, истакнува Бочварски.

Слични содржини