Бочварски: Новото законско решение за легализацијата за дивоградби ќе ги содржи сите компоненти

од Берта Китинска

Очекувам првичната верзија на новиот закон за легализација на дивоградби да биде готова за две недели, а којашто ќе биде промовирана пред јавноста и во Собранието, вели министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски.

-Новото законско решение ќе ги содржи сите компоненти, коишто ќе значат поддршка на целни групи на наши граѓани, какошто се нашите сограѓани, кои изградиле свој кров над глава во семејни куќи, секако инфраструктурните објекти. Верувам дека и низ дебата ќе произлезат и сите оние аспекти, коишто се потребни да ги содржи овој Закон. Така да што работиме на целосно комплетно ново законско решение, вели Бочварски.

Посочи дека по изготвувањето на новиот Закон за легализација на дивоградби ќе следи дебата со сите политички партии. Очекува да се донесе законот во интерес на граѓаните, кои се од социјално ранливите групи, бидејќи како што вели, доколку не му се даде зелено светло во тој случај општините ќе можат да ги уриваат ваквите домови, кои се над 50.000.

Слични содржини