Бочварски: Преку новиот Закон за градење ги олеснуваме постапките во градењето

од Берта Китинска
Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски денеска присуствуваше на стручната дебата по повод предлог на новиот Закон за градење, во организација на Друштвото на Патишта на Македонија.
Во своето излагање, тој истакна дека Владата ја справедувва до сега најголемата реформа во градежната дејност во државата преку имплементација на новиот Закон за урбанистичко планирање и изготвување на новиот Закон за градење.

Со предлог Законот за градење, потенцираше министерот Бочварски,  на современ и стручен начин се уредува материјата на изградбата на градби преку која се стимулира просторниот и економскиот развој на државата и се олеснуваат постапките за градење.

Слични содржини