Бочварски: Сите текстилни работнички кои се тестирани задолжително треба да останат дома во наредните денови

од Aleksandar Petrovski

Денес разговарав со Кристина Ампева од здружението Гласен текстилец, во однос на новонастаната состојба и превземените мерки од страна на Општинскиот штаб за заштита и спасување објави на својот Фејсбук профил, градоначалникот на Штип, Благој Бочварски.

-Институциите, заедно со здруженијата на граѓани и бизнис секторот мораат во овој момент да имаат тесна соработка со цел ставање под контрола на овој нов бран на Ковид-19.

Од денес започна проширено тестирање на нешто над 500 вработени од текстилните компании и запирање на работниот процес со цел заштита на граѓаните. Тестирањето ќе трае и во тек на наредните неколку дена.
Сите текстилни работнички кои се тестирани задолжително треба да останат дома во наредните денови.

Со заеднички сили и со почитување на мерките за заштита ќе успееме да се справиме со овој втор бран на Ковид-19 во Штип, заклучи Бочварски.

Слични содржини