Бочварски: Со Законот за легализација на дивоградби, граѓаните ќе си ги платат комуналиите со одредена казна

од Nikola Popovski

„Дали куќа изградена на државно земјиште е во можност општината да влезе и да ги сруши и да го ослободи земјиштето“, прашува министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски за емисијата „24 анализа“, зборувајќи за Законот за легализација на дивоградбите.

Според него, ако не се донесе овој закон, дали тие 50.000 објекти ние ќе ги отстраниме со неносењето на законот или тие остануваат да постојат.

„Тоа ќе биде едно сивило каде што ниту некаде се дефинирани, ниту се заведени во катастар, ниту плаќаат данок на имот на државата. Денес овој закон е можност, таквите граѓани да ги платат комуналиите со одредена казна и потоа општината да влезе во постапка да може да донесе урбанистички план или да изгради инфраструктура3, вели Бочварски.

Слични содржини