Бочварски: Tрасата нa автопатот Кичево-Охрид се помести за еден километар, имаше нелогичности во проектот

од Берта Китинска

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски за Утрински брифинг, вели дека со новиот буџети се планираат капиталните инвестиции. Во врска со магистралниот пат Кичево – Охрид кој сѐ уште е во градба не се знае кога ќе биде пуштен во полн капацитет.

-Ние сега, со новите буџети и планирање на капиталните инвестиции, се обидуваме да го фатиме чекорот затоа што прашање е колку претходно се инвестирало во патнатата инфраструктура, вели министерот за транспорт и врски Благој Бочварски за Утрински брифинг.

Бочварски додава дека ако се градело како што се гради сега, автопатот Кичево-Охрид досега ќе беше готов. Тој оценува дека кога новата власт се соочила со проектот на автопатот согледале дека има нелогичности и морало да се интервенира.

-Делницата на овој автопат според проектот поминуваше преку резерворот за вода од кој се снабдува Кичево. Зарем требаше да го урнеме резервоарот и да жртвуваме цел град? Секако дека беше пологично да се промени трасата и да се помести за еден километар, но тоа предизвика загуба на време и средства оти мораше да се прават нови експропријации, вели Бочварски.

Тој информира дека постојано се работи на патиштата и им се помага на општините во градбата на регионаните патни правци.

-Важно е капиталните инвестиции да продолжат и во време на криза, иако треба да се планираат буџетите според ритамот на градење, вели Бочварски.

Слични содржини