Бочварски: Целосно ќе го реконструираме автопатот Тетово-Гостивар

од Nikola Popovski

„Во овие четири години изградивме, реконструиравме и рехабилитиравме преку 1000 километри патишта во државата, а веќе работиме и на проектирање на новата траса на автопатот Тетово-Гостивар. Новата траса ќе биде за едниот правец, а постоечката ќе остане за другиот правец. Oва е од исклулително значење и Владата планира целосна реконструкција на овој автопат“ рече министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.

Тој, при денешниот увид во реконструкцијата на улицата „Гоце Делчев“ во Тетово што се спроведува во рамки на проектот „Поврзување со локални патишта“, истакна дека новата траса на автопатот Тетово-Гостивар ќе биде изместена и нема да се движи паралелно со сегашниот пат.

„Кога ќе се реконструира тој автопат постоечкото решение ќе биде во едниот правец, од Тетово кон Гостивар, а другата траса која што ќе биде изместена, нема да биде паралелно со овој пат, ќе биде од Гостивар кон Тетово“ објасни Бочварски.

Тој додаде дека со плаќањето на патарини можеме да ги одржуваме и почесто да ги реконструираме патните правци низ земјата да бидат во добра кондиција, заради тоа што патиштата се лицето на државата.

Министерот Бочварски исто така ги повика сите градоначалници да аплицираат со проекти за локални улици за да се обезбедат квалитетни проекти и квалитетно да се реализираат сите улици и патишта.

Слични содржини