Бочварски: Законот за бранители не ги опфаќа само Македонците

од Nikola Popovski
32 прегледи

Тоа не е моноетнички закон и не опфаќа само една етничка група. Од 1991 година, па се до денеска сите припадници на МО, АРМ, полицијата…Има припадници од разни етнички структури. Ова не значи дека ги поддржува само Македонците, вели пратеникот на СДСМ, Благој Бочварски за предлог-законот за правата на припадниците на безбедносните сили.

Бочварски ги праша владините партнери дали се усогласени за да се изгласа законското решение и дали претседателот на Собранието, Африм Гаши ќе назначи друг пратеник кој ќе ја закаже седницата на матичната Комисија за предлог-законот.

-Ако се изгласа, ќе им помогнеме на луѓе. Има луѓе кои останале инвалиди од 1991 па наваму, рече Бочварски во емисијата „Топ тема“.

Слични содржини