Бочварски: Законот за дивоградбитене не е идеален, но ќе бараме решение

од Берта Китинска

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски вели дека одбивањето на претседателот Стево Пендаровски да го потпише указот на Законот за легализирање дивоградби ќе се искористи за дискусии со граѓаните, пратениците и експертите.

-Ние комуницираме со општините кои имаат сознанија колку барања за легализација. Во поголемите градови има над 2000 барања за  објекти на граѓани кои успеале да обезбедат кров на глава .Владата е тука да најде начин и да се решат проблемите. Уставната можност која ја искористи претседателот да не го потпише е уште една можност заедно да дискутираме со јавноста, пратениците, експертите..и да најдеме решение за да им помогнеме на граѓаните. Законот не е идеален, има слабости и добри страни, но ќе бараме решение., вели  Бочварски.

Слични содржини