Боцвана и прети на Германија со 20.000 диви слонови: Ако мислат дека знаат сè, треба да им се покаже како е да се живее со слонови

од Сенада Ибраимова
236 прегледи

Боцвана се заканува дека ќе испрати 20.000 слонови во Германија по спорот со неколку африкански земји настанат околу увозот на ловечки трофеи, објавија во средата германските медиуми.

„Ако Зелените мислат дека знаат сè подобро, тогаш треба да им се покаже како е да се живее со слонови. Затоа треба да испратиме 20.000 диви слонови во Германија, тоа не е шега“, изјави боцванскиот претседател Мокгвееци Масиси за германскиот весник „Билд“.

Притоа тој реагираше на соопштението на германската министерка за заштита на животната средина, Штефи Лемке од Зелените за ограничување и забрана за увоз на ловечки трофеи на заштитени видови од Африка за германските ловци.

Масиси укажа на огромниот број диви слонови во Боцвана, кои во меѓувреме предизвикуваат огромна штета на посевите, а уништија и неколку села.

„Лемке и Зелените не живеат со слонови во дворот. Но, тоа може да се промени“, изјави претседателот на Боцвана.

За неговата земја, ловот на слонови значи „одржливо користење на природните ресурси“ што на некој начин ја одржува популацијата на диви слонови.

„Забраната за увоз на трофеи само ќе го поддржи ловокрадството и сиромаштијата“, рече Месиси.

И соседната Намибија ја критикуваше германската министерка за заштита на животната средина, обвинувајќи ја за „неоколонијално однесување“ и расизам.

„Ако Германија ни оневозможи да ловиме, тоа ќе биде јасно неоколонијално мешање што е спротивно на меѓународното право“, рече министерот за заштита на животната средина Похамба Шифета.

Тој укажа на чувствителните односи меѓу Германија и Намибија, која некогаш беше германска колонија наречена германска Југозападна Африка.

Слични содржини