„Богатите ги приграбија сите бродови за спасување“: Балканот чека да добие вакцини

од Берта Китинска

Балканот се уште се мачи да добие пристап до вакцините против Ковид-19 .Повеќето држави чекаат да пристигнат првите вакцин

Македонскиот епидемиолог Драган Даниловски ја споредува ситуацијата со вакцината на Западниот Балкан со нееднаквостите видени за време на тонењето на бродот Титаник во 1911 година.

„Богатите ги приграбија сите бродови за спасување, оставајќи ги помалку среќните зад нив“, изјави Даниловски за телевизијата 24.

Ваквото расположение се повеќе добива на сила во Западниот Балкан. Тоа се засилува од про-руски политичари во регионот сместен меѓу западната и руската сфера на влијание.

-Република Северна Македонија, ќе добие 800.000 вакцини против КОВИД-19, од производителот Фајзер. Министерот за здравство д-р Венко Филипче, во директни преговори со овој производител, обезбеди вакцини за цела 2021 година. Договорот беше дефиниран утрово во телефонски разговор на министерот Филипче и висок претставник на компанијата прозиводител на вакцини против КОВИД-19. Првите 5.850 дози вакцини на Фајзер ќе стигнат во февруари, потоа ќе следува пратка со поголема количина во март, април, а динамиката за цела 2021 година дополнително ќе се утврди, соопштија од Влада.

Отааму информираа дека нашата земја навремено почна со подготовките за вакцинација против КОВИД-19 и постоечката функционална и одлично поставена здравствена инфраструктруа каде досега се врши вакцинација за други болести, е подготвена за имунизација против корона.

Србија е единствената земја во регионот која доби вакцини на Фајзер и на руската Спутник.

 

Слични содржини