Богдановиќ демантира дека седел во кафеана за време на полициски час и бара извинување

од Nikola Popovski

„Целосно ги отфрлувам и демантирам информациите дека во текот на изминатиот ден сум седел во кафани за време на полициски час и сум прекршувал закони“, се огласи градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ, откако дел од медиумите блиски до опозицијата објавија дека седел во угостителски објект за време на полицискиот час, во вчерашниот ден.

„Во текот на вчерашниот ден, сместував гости во хотел дојдени од Белград и кошаркарот на Работнички кој е најновото засилување во нашиот клуб. За сето сместување и престој поседувам документација и сведоци. За да се расчисти целиот случај и да се докаже вистината сите аргументи ги доставив до сите надлежни органи. Воедно барам извинување за напишаните текстови во рок од 24 часа и објава на мојата реакција“, објави Богдановиќ, дополнувајќи дека доколку тоа не се случи тоа ќе покрене граѓански спор.

 

Слични содржини